fbpx
Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Искористете ја можноста да работите за НАСА: “NASA Space Apps Challenge” по трет пат во Македонија

Актуелно

Искористете ја можноста да работите за НАСА: “NASA Space Apps Challenge” по трет пат во Македонија

Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од најголемиот интернационален хакатон во светот во организација на NASA “Space Apps Challenge 2015”.

На овој настан учесниците од целиот свет ќе имаат можност да соработуваат и заеднички да креираат решенија за поставените предизвици во областа поврзана со животот на Земјата и воопшто во вселената.

Овојпат Скопје претставува лидер во регионот, но и во Европа, и токму поради оваа причина НАСА одлучи градот Скопје да биде координатор на 10 локации во Европа од кои Виена, Љубљана, Белград, Загреб, Тирана, Приштина, Скопје, Тетово, Битола и Охрид.

Хакатонот по трет пат се организира во Скопје , а за првпат во уште три локации Битола, Охрид и Тетово.

Интересниот дел од натпреварот е тоа што младите иноватори ќе имаат временски период од 48 часа непрекинато да работат на предизвикот поставен од НАСА. Минатата година, тим од Македонија го зема второто место на овој светски познат натпревар.

Учесниците ќе имаат можност да соработуваат со искусни ментори од техничките и природно-научните факултети, а во работата ќе им помагаат претставници на компаниите и од ИТ индустријата.

Секој може да земе учество во настанот и да го сподели своето искуство, знаење и вештини во тимот. Учесниците ќе имаат пристап до open source материјали кои ќе бидат приложени директно од NASA.

Не се двоумете и пријавете се на настанот со клик тука.

Учествотот на Македонија на натпреварот е уште еден доказ дека нашата земја има развоено информатичко општество и постојано работи на продуцирање на млади кадри.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.