Следи нѐ
To Top

Пристигна пролетта: Сончево време со температура до 15 степени Целзиусови

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од осум до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

реклама

Според Управата за хидрометеоролошки работи од утре во попладневните часови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Врнежите ќе бидат со променлив, а во понеделник во западните и јужните делови со обилен интензитет.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.