//
Следи нѐ
To Top

Чешките експерти препорачуваат: Редовно пијте алкохол за здраво тело

Треба да се пие редовно секој ден вино и тоа најдобро навечер со јадење. Препорачана доза за мажи е четири децилитри, а три за жени. Овие препораки ги дадоа експертите кои учествуваа на семинар во чешкото Собрание, јави дописникот на МИА од Прага.

Според кардиологот Милан Шаманек најопасно е брзото пиење, што значи пет чаши тврд алкохол за време на два часа. „Мирното“ пиење според неговата студија ја снижува можноста за инфаркт за 35-50 проценти.

реклама

Недоверба и неверување кај учесниците на семинарот предизвика и неговото тврдење дека треба да се почне со пиење на алкохол веднаш по доживеан инфаркт за да се има здрав црн дроб.

-Кога пиете алкохол е подобро за вашиот црн дроб отколку кога не пиете, изјави лекарот, додавајќи дека со пиење се продолжува животот дури за пет години.

Ова е сосема спротивно на твредењата на некои стручни лица кои сметаат дека алкохолот е штетен за здравјето на луѓето и ги уништува мозочните клетки.

Според Шаманек, треба да се додржува режимот на редовно секојдневно пиење алкохол, во мали количини.

Според него ризично е пиење алкохол кај бремени жени, доилки и мажи кои се плашат за својата потенција.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

  • Првиот пешачки 3-Д мост (видео)

    Во Шангај е пуштен во употреба најдолгиот бетонски пешачки мост на светот кој е изграден со технологија за 3-Д печатење. Автор...

    Информативна Редакцијамарт 21, 2015
  • Германeц се возел меѓу два вагона од воз со 200 километри на час

    Германeц кој патувал кон Хамбург со воз излегол да испуши цигара, па останал заглавен меѓу два вагона, во движење со брзина...

    Информативна Редакцијамарт 21, 2015
  • Кобила е „Австралијка на годината“

    Еден австралиски дневен весник номинираше кобила, како единствена кандидатка за избор на „личност“ која изминатава година покажа напорна работа, борбеност и...

    Информативна Редакцијамарт 21, 2015
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: