Следи нѐ
To Top

Временска прогноза: Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен претежно југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од девет до 14 степени.

реклама

Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе достигне до 12 степени.

Во осум часот утринава најниска температура е измерена во Маврово 0 степени, во Крушево и Лазарополе 1, во Берово и Крива Паланка 4, во Прилеп 5, во Виница, Битола и Тетово 6, Куманово, Струмица и Кавадарци 7 и во Штип, Скопје, Демир Капија и Дојран 8. Најтопло утринава било во Гевгелија каде се измерени 9 степени.

Во изминатите 24 часа врнело во Гевгелија и Битола каде наврнале два литри на метар квадратен, како и во Дојран, Претор, Демир Капија и Охрид еден литар на метар квадратен.

Од среда ќе преовладува променливо облачно време и врнежливо. Пообилни врнежи ќе има во среда претежно во западните делови од земјата, а во петок врнежите ќе бидат пообилни на повеќе места низ Републиката. До четврток ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер, а од петок ветерот ќе биде северен.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Uncategorized

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.