//
Следи нѐ
To Top

Татјана Алексиќ: Природата не знае за награди и казни… но знае за последици

Употреби ја твојата моќ и промени ги климатските промени, лајт – мотивот на овогодишната  светска волонтерска акција ,,Часот на планетата Земја,,!

Романтичарите создадоа брилијантни дела инспирирани од природата кон која изградија култ поистоветувајќи ги своите чувства со неа, нејзиното Височество ПРИРОДА чија  моќ е боговска. Казните од Боговите во митологијата во облик на грмежи, врнежи, суши, поплави и потопи не стасаа… Промислениот и мудар Прометеј го украл огнот од  небото да им го подари на луѓето поради што бил казнет од боговите. Неговиот непромислен брат Епитемеј, оној кој мисли отпосле, ќе ја натера Пандора да ја отвори кутијата од каде ќе излезат сите зла на човештво…

реклама

Кога фантазијата станува  реалност се раѓа генијалност, нобеловецот Никола Тесла ќе му го подари на светот трофазниот систем за пренос на електрична енергија. За да не бидеме казнети поради нашето непромислено трошење електрична енергија, треба да мислиме и делуваме  за однапред, што би кажал нашиот Мисирков!

Барем едно 30 години однапред, според Светската  метеоролошка организација, дисциплинирано и антропогено треба да влијаеме врз климатските промени. Ја предизвикавме природата на двобој, но пред нејзината сила и Боговите молчат. Глобалното затоплување, топењето на ледниците, промените во падот на врнежите, поплавите кои наликуваат на потопи, екстремни временски промени невообичаени за одредени предели, збунетоста на животинскиот и растителен свет( ни птиците веќе не летаат на југ, а ни мачките не се котат во февруари), мутациите, болести за кои сме мислеле дека исчезнале (маларија, денга треска, ебола) и некој нови фрапантни мутанти… се сигнали  дека сме во ,,стакленото sвоно,, на разбеснетата природа која како империја ни го враќа ударот!

Статистиката е вознемирувачка,  од вкупниот број на смртни случаи во 2004 година, околу 0,2% се должат на климатските промени, од нив, 85% биле смртни случаи кај деца!

Во иднина ранливоста од климатските промени ќе зависи не само од степенот на општествени и економски промени, туку и од  придобивките и трошоците  распределени во општеството. На пример, брзата урбанизација во Западна Европа во 19-тиот век, доведе до драстично опаѓање на здравствениот статус кај населението. Сега , во 21 век кога разумот на  човечкиот прогрес е диктиран од желбата за брзо богатење и акумулација на капитал, борбата да се заменат  автомобилите со велосипеди и јавен превоз ќе биде како борба со диносауруси ! Никнуваат висококатници како гоsили во едно котлинско гратче кое моли за  провев покрај реката  Вардар…

Штедењето на струјата и исклучувањето на светилките во јавните институции кога  од нив се нема потреба е култура на живеење, а не скржавост! Садењето дрва, но не и нивно  неразумно сечење во име на урбанизацијата, рециклирањето на отпадниот материјал, купување  производи кои штедат енергија, користење соларна енергија и  низа  други ,,ситници,, треба да ни станат животен бон – тон! ВКЛУЧИ СЕ ВО АКЦИЈА ИСКЛУЧИ ГИ СВЕТИЛКИТЕ, но не само 60 минути во еден ден од годината!

Кусо освестување  пред  утрешната акција ,,Часот на планетата Земја,, кога 162  држави низ светот или над 7000 градови ќе потонат во мрак. А кога мора да е мрак, нека е  ЕКОЛОШКИ МРАК!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Нова година – нова можност за поправен испит

    Нова година е ново време за интимно преиспитување, за нови почетоци, за нов оптимизам ( дури и кога мириса на глупост)...

    Татјана Алексиќмарт 27, 2015
  • Да водиме љубов 2019 пати!

    Без желби, посакувања, мечтаења и сништа , ни реалноста не би била реална, како што кажаа париските студенти во 1968 година...

    Татјана Алексиќмарт 27, 2015
  • Здодевност

    Чекаме , проклето здодевно чекаме некој да дојде, нешто да се случи, ветер да дувне, дожд да не плакне, снег да...

    Татјана Алексиќдекември 10, 2018
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.
%d bloggers like this: