Поврзи се со нас

Популарно.мк

„Часот на планетата Земја“ во Македонија – хит во целиот свет!

Актуелно

„Часот на планетата Земја“ во Македонија – хит во целиот свет!

Големото одбележување на Часот на планетата Земја во Македонија хит низ целиот свет!

Глобалната организација на Часот на планетата Земја објави специјално видео во кое е објавен видео инсерт од исклучувањето на осветлувањето на Археолошкиот музеј во Скопје.

Исто така, поради успешната кампања, видео инсерти од исклучувањето во Македонија беа споделени и во друго, таканаречено „видео на моменти“ во кои освен исклучувањето на осветлувањето Археолошкиот музеј, се појавуваат и децата од интернационалната британска градинка во Македонија, дури пет пати!

Во сите видеа, Македонија се појавува под своето уставно име, Република Македонија.

– „Ова е само доказ дека Македонија вчеравечер покажа дека ја има моќта да направи промена! Во нашиот медиа центар пристигнаа над 2000 фотографии и видеа од одбележувањето на Часот на планетата Земја низ целата Република и ние сме навистина среќни што постигнавме толку голем успех! Ова немаше да биде успешно без поддршката на градот Скопје, Црвениот крст на Република Македонија, Министерството за животна средина и просторно планирање, ЕВН Македонија и Агенцијата за енергетика.“ – изјави Ѓорги Селков, главен организатор на акцијата во Македонија.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.