Следи нѐ
To Top

Виз Ер Скопски Маратон 2015: Во недела ќе се трча Женската трка во Градски парк

Во организација на Сојузот на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки на Виз Ер Скопски Маратон 2015, ќе се одржи 3-тата Женска трка, која има за цел да им помогне на жените со вежбање за превенција од заболувања. Уште само три дена до трката која ќе ги обедини сите жени, да трчаат на патеката полна со здравје.

На 5-ти април, недела, со почеток од 10 часот и 30 минути ќе се оддржи Аеробик час, а веднаш потоа, во 11 часот започнува и трката на 1000 метри. Место на случувањето е Градски парк, кај Школка. Право на учество имаат сите припаднички на понежниот пол од сите возрасти, а пријавувањето е најдоцна до денес, 2-ри април. Котизацијата за учество се симболични 100 денари.

реклама

Женската трка која што по трет пат ќе се случува во Скопје, е со една и единствена цел: Превенцијата од заболувањата да ја започнеме со вежбање. Денешните модерни и урбани жени имаат сè повеќе обврски, а сè помалку време за себе и време за вежбање, а ова е начин тоа да се промени, сега и тука. Трките од ваков, ревијален карактер се одржуваат насекаде во светот со една иста цел, подигање на свеста кај жените да започнат со активност која позитивно ќе влијае на нивното здравје.

Ова е убав начин жените да покажат дека вежбањето, забавата и наградите одат заедно. На 5-ти април, повелете во Градски Парк- кај Школка и учествувајте во 3-тa по ред Женска трка, дел од промотивните трки на Виз Ер Скопски Маратон 2015.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Останато

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.