Следи нѐ
To Top

Возачот кој ја прегази 20-годишната Фросина на „Партизанска“ пуштен на слобода

20-годишната Фросина Ц. од Крива Паланка е девојката која вчера околу 20:50 часот беше прегазена од автомобил “хонда” со скопски таблички на “Партизанска” кај Униврзална сала, информираат од МВР.

Возачот на „хондата“, Љ.В. (26) по ударот побегнал од местото на несреќата, а дваесетина минути подоцна самиот се пријавил во полициската станица Ѓорче Петров.

реклама

Возачот на Хондата и покрај тоа што избегал од местото на несреќата, по распитот во полициска станица е пуштен на слобода. Според објаснувањето од истрагата, возачот не е задржан во притвор бидејќи таа мерка не е предвидена за вакво кривично дело.

Исклучок има освен во ситуации ако возачот е странец или пак ако има сомневање дека може да избега. На 26 годишниот скопјанец му е земен примерок од крв и урина за да се провери дали бил под дејство на алкохол или наркотици, а Хондата е пратена на технички преглед.

По барање на Јавен обвинител телото на Фросина е предадено на обдукција во Судска медицина. По сообраќајката на социјалните мрежи се појави информација дека Хондата летала со 160 километри на час, но сепак брзината допрва ќе се утврдува. Од она што можеше да се види синоќа, на местото на несреќата немаше траги од кочење, а девојката ја минувала Партизанска на обележан пешачки премин. На преминот има и семафор, а истрагата треба да утврди дали за возилата или за пешаците било вклучено зелено светло.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.