Следи нѐ
To Top

Сончево со умерена локална облачност и ветер – од утре пад на температурата

Времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, особено долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до еден, а дневната од осум до 14 степени.

реклама

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до нулата, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во недела и во понеделник земјава ќе биде под влажен бран од Медитеранот и ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а на некои повисоки мета од дожд и снег.

Особено обилни врнежи се очекуваат во западите и јужните делови од земјата каде на повеќе места ќе наврнат над 30 л/м2.

Врнежите ќе продолжат и во понеделник.

Од втората половина на наредната недела се очекува стабилизирање и затоплување на времето.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

  • Македонија од утре под снег

    Постудено време со врнежи од снег утре ќе ја зафати целата територија на Македонија. Врнежите ќе бидат пообилни во ноќните часови, особено...

    Информативна Редакцијааприл 4, 2015
  • Идната недела снег и температури длабоко под нулата

    Времето утре ќе биде облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните и...

    Информативна Редакцијааприл 4, 2015
  • Десет сообракајќи во Скопје, еден загинат

    Едно лице загина, едно се здобило со тешки телесни повреди, а осум се полесно повредени во десет сообракајќни несреќи што се...

    Информативна Редакцијааприл 4, 2015
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.