Следи нѐ
To Top

Татјана Алексиќ: Реалити шоу без камера…

Се поголемата гледаност на реалните шоу програми го потврдува фактот дека примитивизмот триумфира во гладијаторската арена на расчеречувањето на човекот!

Медиумската проституција стана императив, јавните сервиси јавни куќи, а медиумската култура бестијална политика. Наместа катарза по театрите на штиците што живот знаат, доживуваме (читај преживуваме) улична катарза, улицата стана медиум, медиокритет за јавна комуникација и „прочистување“ на наталожените фрустрации. А кога културата станува инструмент на било каква политика, тогаш спорни се двете!

Со неподнослива леснотија толерираме нетолерантни говорници, културната и политичка матрица на јавните личности од чии примери, сакале или не , црпиме (учиме не баш, оти од црпки се црпи). Прекинувањето на комуникацијата со светот преку еден нарцисоиден нагон дека не ни треба конкуренција за подобар квалитет создава паразитска и тривијална атмосфера каде културата се храни со горчливи голтки популизам.

Популистичката „естетика“ лаконски го деградира вреднувањето во име на вредностите ( или скриена зад нив). Митологизираната историја, авторитарниот менталитет, наталожени предрасуди и политичката некултура опсесивно не уназадува во еден ментален и морален аутизам. Кадровската политика во културните институции каде „логички“ се ставаат на позиција политички подобните, како бумеранг ни ја одложува културата за некој идни подобри времиња.

Тука е грешката, во неизбежната транзиција која трае ли трае, заборавивме дека културата не е за одлагање, туку за тука и сега за подобро после… Ние не гледаме реални шоу програми, ние ги живееме во нашата примитивна реалност и шоуто никако да си замине!

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Читачка криза…

    Сѐ поблиску сме до неповратна загуба на читачката кондиција!

    Татјана Алексиќаприл 5, 2015
  • Вистината како стока…

    Има ли цена и драгоценост вистинската информација во вистинско време? Отсекогаш, вистинската информација е најдрагоцената стока во меѓучовечките односи важна за...

    Татјана Алексиќаприл 5, 2015
  • Љ-витамин, превенција за комплекси!

    Чувството на пониска вредност е отров кој перманентно не труе и не ни дозволува да им се противставиме на животните проблеми.

    Татјана Алексиќаприл 5, 2015
error: Содржината е заштитена со авторски права.