Следи нѐ
To Top

Парни Ваљак на 16 мај ќе ги потсети скопјани на вистинскиот балкански поп-рок

Спортскиот центар Борис Трајковски, на 16 мај ќе биде местото од каде што сега хрватска но некогаш најголема југословенска поп – рок група, Парни Ваљак, ќе потсети што беше тоа вистински балкански поп – рок.

Со почеток во 21.00 часот на сцената во Борис, екипата на Аки Рахимовски на македонска сцена ќе ги донесат хитовите на кои што креваа раце многу генерации. „Све још мирише на њу“, „Јесен у мени“, „Заставе“, „Моја је пјесма лагана“, „Угаси ме“…ќе бидат само дел од репертоарот кој што е предвиден да трае повеќе од 2 часа.

реклама

Со најновата технологија на озвучување и осветлување, бендот кој што ги наполни најголемите концертни сали и стадиони во регинот, на 16 мај доаѓа и во Скопје, за да прослави цели 40 години од своето основање.
Скопскиот концерт, е најавен како репориза на спектакуларниот Белградски концерт кој што се случи не еднаш туку двапати по ред.

Откако минатата година, со озвучување и осветлување кое со себе го носат на сите концерти, ја наполнија белградската Комбанка арена, годинава тоа го направија двапати. По сите параментри, публиката вели дека концертот на Парни Ваљак бил концерт вреден за паметење. Концертната турнеја по повод 40 роденден започна на 14 февруари во Бања Лука. Од таму најавија спектакуларна концертна турнеја со која ќе потсетат зошто цели 40 години го држат тронот на регионалниот рок.

Влезниците за концертот на Парни Ваљак веќе се пуштени во продажба и можете да ги најдете на стандардните продажни места: Камарад – Рамстор, Розе – Веро 2, Југотон, локалните кафулиња и трафики низ државата и продажната мрежа на купикарти за се. Цената на влезниците е: партер – стоење – 400 денари, трибина седење од – 500 до 1000 денари, фан пит – 700 денари додека ВИП влезница за концертот на парни Ваљак ќе ве чини 1200 денари.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.