Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Се излеаја Црна и Брегалница, поплавени куќи во Кравари

Актуелно

Се излеаја Црна и Брегалница, поплавени куќи во Кравари

Врнежите што ја зафатија Македонија го зголемија водостојот на реките. По течението на Брегалница се поплавени земјоделски површини, браната Калиманци е на прелив со околу осум метри кубни, а Црна Река достигна 3,36 метри и повторно е излеана на местата на пробините насипи во општините Могила кај селата Новоселани, Вашерејци и Лознани, како и кај Новаци.

Како што соопшти Дирекцијата за заштита и спасување, во Битолско се наврнати 28 литри на метар квадратен. Поради преполните канали и високите подземни води, поплавени се и неколку куќи во село Кравари.

Во Кичево до денеска се наврнати 20 сантиметри снег, а на повисоките места и околу 40 сантиметри. Од тежината на снегот оштетени се некои електрични водови и некои делови се без струја. 

Сите патишта се проодни, а забрана за движење на тешки товарни возила има на превоите Стража и Пресека. 

Проодни се патиштата и во Тетовско, а забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец за Попова Шапка.

Дирекцијата за заштита и спасување ја следи состојбата и доколку има потреба или барање од локалната самоуправа, подготвена е за брз одговор на терен.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.