Следи нѐ
To Top

Маша, Медо и Доми на едукативна турнеја низ Македонија

Маша и Медо, ликовите од популарната руска анимирана серија за деца, од 18 април до 7 јуни ќе ги забавувуваат и едуцираат децата во рамките на проектот што го организираат продукцијата „Сцена“ и издавачката куќа „Култура“ во соработка со „Еуролинк осигурување“.

Во споменатиот период ќе биде изведена театарската претстава „Веселата училница“, наменета за деца од предучилишна и рана школска возраст, а инспирирана од постојаниот страв на децата од започнување на училиштето.

реклама

Едукативниот караван почнува во Битола (18 април), а потоа продолжува во Охрид (19 април), Гевгелија (25 април), Струмица (26 април), Кавадарци (16 мај), Велес (30 мај), Куманово (31 мај). Проектот завршува со изведба на „Веселата училница“ во Скопје, на 7 јуни, во Македонската опера и балет. Во сите градови претставата започнува во 12.00 часот.

Целиот настан, освен забавен, има и едукативен карактер. Целта е низ репликите на учителот, учениците и Маша и Медо, децата од најрана возраст да се воведат во училишната атмосфера. Главната актерска екипа се состои од Марко Новески, Бојан Велевски и Соња Стамболџиоска, како и детските ликови Маша и Медо, Џеронимо Стилтон и полжавчето Доми. Претставата е во режија на Игор Ивковиќ.

Компанијата „Еуролинк осигурување“, во рамките на проектот, поставува и забавен едукативен караван во вид на училишен двор, во кој децата, заедно со полжавчето „Доми“ од осигурителниот продукт „Доми Комплет“, ќе можат да се дружат и активно да учествуваат во низа интерактивни игри и да освојат награда. Особено интересна е играта „Не лути се Доми“ каде што децата ќе бидат во улога на фигури и ќе се движат по големо платно во манир на познатата игра „Не лути се човече“. Училишниот двор се поставува од 11.00 до 14.00 часот во секој град каде ќе се одржуваат претставите.

Цената на влезниците е од 150 денари која вклучува подарок боенка со омилените цртани ликови Маша и Медо.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Промо

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.