Поврзи се со нас

Популарно.мк

Сакате да научите изработување на холивудска 3Д анимација?

Наука

Сакате да научите изработување на холивудска 3Д анимација?

Дигит 3D е интензивна работилница за 3D моделирање и анимација која ќе се одржи од 20 до 27 април.

Учесниците ќе имаат прилика да поминат низ целиот процес на создавање на еден анимиран карактер, од скица до видео тизер за филм во кој би се појавил карактерот. Ментори на работилницата ќе бидат претставници на нашиот соработник Fx3x, македонска компанија која има работено на филмови номинирани и наградени со оскар.

Финалето на работилницата ќе се одржи на 27 април во Киното Фросина, каде што жири ќе го одлучи победникот од работилницата.

Пријавувањето е во тек и трае до 8ми април, начинот на селекција на учесниците ќе се одвива според предзнаењето кое го имаат од темата, односно колку ја познаваат програмата Autodesk Maya која ќе се користи на работилницата.

Повеќе информации можете да најдете на веб страницата на настанот: http://sp.finki.ukim.mk/digit/ или на facebook фан страната: https://www.facebook.com/DIGITmk

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Наука

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.