Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТО: Промоција на кампањата „Излези за ГТЦ!“

Актуелно

ФОТО: Промоција на кампањата „Излези за ГТЦ!“

Вчеравечер, на платото пред Градскиот трговски центар, граѓанската иницијатива „Го Сакам ГТЦ“ организираше промотивен настан со кој официјално започна широката граѓанска кампања „Излези за ГТЦ“.

Целта на оваа кампања во претстојниот период ќе биде да ги поттикне граѓаните на општина Центар да излезат на референдумот кој ќе се одржи на 26-ти април, а на кој ќе се одлучува за изгледот на ГТЦ.

Ниту ниските температури не ги спречија жителите од оваа општина во голем број да присуствуваат на овој настан. Во својство на граѓанин присуствуваше и градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, додека пак меѓу публиката можеа да се забележат и бројни македонски архитекти.

Манифестацијата ја водеше познатиот новинар и филмски критичар, Влатко Галевски кој самиот бил сведок на изградбата но и на сите содржини кои изминатите децении ги нудеше ГТЦ. Сепак, и покрај тоа, Галевски истакна дека „ваквиот ГТЦ не е носталгија, туку наше секојдневие, навика, место за прошетка за средби со пријателите, но и центарска приказна која никој нема право да ја менува.“

17058686362_f98ba167d2_o

Во музичкиот дел од овој настан настапија Ана Костовска и пијанистот Симон Киселички кои ги забавуваа повозрасните граѓани со познатите рефрени на скопските евергрини, додека пак настапите на The John, Џака Накот и Bon Praskiza & Donplaya особено ја подигнаа атмосферата кај присутните граѓани од помладата генерација.

Граѓаните на општина Центар ќе имаат можност да гласаат на референдумот кој е закажан на 26 април и да одговорат на прашањето: „Дали сте за зачувување на автентичниот изглед на фасадата на ГТЦ?“.

Референдумското изјаснување ќе трае од 07:00 часот наутро па се до 19:00 попладне а право да гласа има секој жител на оваа скопска општина што е впишан во избирачкиот список.

Прочитај повеќе
Маркетинг
Можеби ќе ти се допадне...
Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.