Следи нѐ
To Top

Утре започнува NASA Space Apps Challenge 2015: 48 часа македонските студенти ќе работат за НАСА

Од 9 до 11 април во просториите на Telekom Innovation Center ќе се одржи глобалниот хакатон NASA SPACE APPS CHALLENGE 2015, каде учесниците ќе ја имаат можноста во период 48 часа да работат на предизвици поставени од НАСА.

Настанот ќе се реализира од 9ти до 11ти април 2015 година на 135 локации во светот, а поради одличниот успех од мината година Скопје е координатор на 10 локации и тоа Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Загреб, Белград, Приштина, Тирана, Виена и Љубљана. Интернационалниот настан “NASA Space Apps Challenge” е дводневен хакатон на кој тимови низ целиот свет, соработуваат и се поврзуваат со јавно достапни информации со цел да дизајнираат иновативни решенија за глобални предизвици.

реклама

Интересниот дел од натпреварот е тоа што младите иноватори ќе имаат временски период од 48 часа непрекинато да работат на предизвикот поставен од НАСА. Минатата година, тим од Македонија го зема второто место на овој светски познат натпревар.

Учесниците ќе имаат можност да соработуваат со искусни ментори од техничките и природно-научните факултети, а во работата ќе им помагаат и претставници на компаниите и од ИТ индустријата.

Официјален домаќин и координатор на NASA Space Apps Challenge на сите 10 локации е NewMan’s Business Accelerator, а локален генерален партнер е Амбасадата на САД во Македонија со партнерите Knowbook, Plus One, T- Mobile, IBM, JetBrains, Netcetera, Стопанска Банка АД Скопје, FX3X, Iborn, Haselt и Istyle.

Најновите новости за настанот е тоа што победничкиот тим од овие 10 локации ќе добие 2 бесплатни карти за учество на Pioneers Festival 2015, кој се одржува во Виена.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

  • Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

    Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера на 65 години. Претходно, тој и соопшти на јавноста дека ракот што веќе еднаш...

    Информативна Редакцијааприл 8, 2015
  • Чернобил повторно произведува струја

    Украинските власти одлучија на најдобар можен начин да ја искористат загадената зона околу Чернобил и на местото каде што се случи...

    Информативна Редакцијааприл 8, 2015
  • Речиси 260 луѓе загинале правејќи самослик

    Со појавата на „паметните телефони“, самосликовите станаа прилично популарни. Но, едно ново индиско истражување покажува дека тие можат да бидат и...

    Информативна Редакцијааприл 8, 2015
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.