Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Погледнете ја новата Hugo Boss колекција за пролет/лето 2015

Светот на музиката ги содржи правилните состојки за софистициран и лежерен начин на облекување. BOSS ја гради последната колекција околу оваа инспирација во која формалниот се комбинира со реласкираниот стил на урбана средина. Од половично обрабени до тесно кроени палта – облеката сезонава наоѓа баланс помеѓу строгото и лежерното.

Кроевите се силната страна на BOSS, па така и во оваа колекција може да се најдат перфектно скроени одела, а новитет се деконструираните јакни за лежерен, секојдневен изглед. BOSS се надоврзува на оваа идеја со свеж стајлинг – едноставна маица во комбинација со костум го прави изгледот порелаксиран, а застапени се азурно сината боја комбинирана со пригушено бела.

реклама

Квадратните форми се среќаваат во горниот дел на облеката, постепено стеснувајќи се во делот на панталоните. Впечатливи парчиња за сезоната се и двобојните кратки мантили, кожни колеџ јакни, како и поло маици од лесен памук. Пепито, дезен во форма на рибина коска и ригите се доста застапени и го прават остриот изглед неочекувано разигран.

Карактеристиката по која BOSS мажот најмногу се разликува од останатите е неговата љубов кон извонредни мокасини, направени од антилопска кожа со дополнителен ефект на стара патина.

Богатите, необични комбинации на бои – фламинго розова кошула со панталони во песочна боја и арт деко сина во комбинација со кафена боја внесуваат нов ритам во светот на BOSS.

Американските филмски класици од 1950-тите, 1970-тите и 1980-тите години, каде главна тема е патувањето, се инспирација за новата колекција и кампања на BOSS Orange за пролет/лето 2015. Со ефект на замагленост и прав присутна на фотографиите , колекцијата има за цел да ja модернизира и урбанизира оваа тема на колекцијата, комбинирајќи винтиџ елементи и придавајќи им ублажена острина. Време е да почнете да патувате со стил.

BOSS Green за пролет/лето 2015 ги комбинира архитектурата и модерните органски форми во спортска, но трендовски актуелна колекција со свежи и силни бои кои ќе Ве внесат во тропско летно расположение. Колекцијата вклучува облека која се карактеризира со едноставна, лежерна елеганција, изразувајќи чувство на слобода за време на топлите сончеви летни денови.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Магазин

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.