Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Средношколците продолжуваат да ја бојкотираат наставата

Актуелно

Средношколците продолжуваат да ја бојкотираат наставата

ФОТО: Дарко Поповски / Популарно.мк

Средношколците и денеска продолжуваат со бојкотот на наставата против, како што велат, лошите образовни реформи и игнорантскиот однос на надлежните, кои иако минатата недела најавија, не остварија средба со нив.

Од Средношколскиот пленум велат дека празничните денови ги искористиле за координација со интерни пленуми од деветте скопски средни училишта и со нивните соученици од другите градови.

Тие остануваат на ставот за стопирање на екстерното тестирање и враќање на стариот концепт на државна матура. Очекуваат средба со надлежните на која ќе ги пренесат нивните ставови.

Средношколците деновиве се пожалија на притисоци и закани од страна на дел од професорите и директорите.

Еден од клучните проблеми кој може да предизвика вистински хаос во образовниот систем според средношколците е најавата дека оние ученици што нема да потпишат изјави за полагање на матура по новиот концепт, може да се соочат со опасноста да не ги полагаат испитите во јуни, со што ќе се проблематизира уписот на факултетите. Засега од министерството официјално нема ваква информација.

Од денеска на бојкотот се приклучува и средното техничко училиште „Ѓорѓи Наумов” од Битола.

Народниот правобранител Иџет Мемети деновиве побара од ресорниот министер да се сретне до претставници на Средношколскиот пленум и да ги слушне нивните барања.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.