Следи нѐ
To Top

Влезниците за големиот концерт на Лепа Брена пуштени во продажба

Мега ѕвездата Лепа Брена, македонскиот спортски храм, арената Филип Втори, ќе ја полни на 20 јуни. Со спектакл за којшто не треба вовед, српската музичка ѕвезда неколку часа ќе ги забавува полните трибини на Филип Втори.

„Менаџментот на музичка ѕвезда каква што е Лепа Брена, за секој концерт има исти услови и правила, без разлика дали станува збор за мала сала или голем стадион. Па така, како што се погрижија белградските концерти во Комбанк Арена да бидат беспрекорни, ќе се погрижат и за овој во Скопје. Со себе носат осветлување и озвучување по најновите и највисоките светски стандарди. Не оставаат ништо на случајност. Брена на Филип Втори и ќе изгледа и ќе звучи светски“ – велат од продукцијата којашто се потпишува како организатор на концертот во Скопје, Балкан Медија.

реклама

Влезниците се пуштени во продажба од денес, среда 15 април во продажната мрежа на купи карти за се, Розе – Веро 2, Тобако Корнер (Аеродром) локалните киосци, кафулиња и плоштади низ државата. Цената на влезниците е од 200 до 500 денари.

„Бибер“, „Не бих ја била ја“,„Пази коме завидиш“, „Уџи слободно“, „Бриши ме“, „Југословенка“, „Пожели сречу другима“, „Голубе“…се само неколку хитови од репертоарот којшто ќе трае повеќе од 4 часа а ќе ве чини само 200 денари.

Брена во нејзината долгогодишна кариера неколкупати концертно гостуваше и во Скопје, но минатата година, на преполниот стадион за време на концертот на Жељко Јоскимовиќ, сама изјави дека има голема желба истите трибини и таа да ги наполни па македонската публика во еден глас да пее и со нејзе.

Најголемиот христијански празник Велигден, Лепа Брена годинава го прослави во семејниот дом во Мајами. По напорниот период, којшто изобилуваше со здравствени проблеми, Брена одлучи Велигден добро да го искористи за одмор, и свежа и подготвена за нови концерти да се врати на балканско тло. Веќе следниот месец, во рамките на промотивната кампања за концертот на Филип Втори, Лепа Брена ќе дојде на прес конференција во Скопје, за да одговори на сите прашања на македонските новинари.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Настани

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.