Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Утревечер скопјани ќе си ги вратат спомените од минатото: Во петок корзо пред ГТЦ!

Актуелно

Утревечер скопјани ќе си ги вратат спомените од минатото: Во петок корзо пред ГТЦ!

Утревечер, пред платото на ГТЦ ќе се случува несекојдневен настан – некогашното скопско Корзо.

Овој настан, барем на една ноќ, ќе му го врати на Скопје некогашниот сјај и спомените од минатото.

На корзото, повозрасните жителите на Скопје ќе имаат уникатна можност да се навратат во 60-ите, 70-ите и 80-ите години на минатиот век кога градот живееше во ритамот на непосредното дружење и добрата забава, додека пак помладите генерации ќе можат да го почувствуваат пулсот на Скопје во времето кога градот испишуваше една поинаква урбана приказна.

За корзото да биде автентично ќе се погрижи легендата на македонската Ди – Џеј сцена, Драган Б. Костиќ кој со неговата селекција на добра ретро музика ќе им овозможи на Скопјани повторно да ги доживеат пријатните спомени од младоста.

Корзото ќе започне во 20:00 часот пред платото на ГТЦ (кон паркот Жена – Борец) и ќе трае до 23:00 часот. Овој настан е дел од кампањата „Излези за ГТЦ“ која има цел да ги мотивира граѓаните во Општина Центар да излезат на претстојниот референдум кој ќе се одржи на 26-ти Април и на кој граѓаните на Општина Центар ќе одлучуваат за изгледот на ГТЦ.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.