Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Приведени четворица, по еден се трага за убиството во Љуботен

Вести

Приведени четворица, по еден се трага за убиството во Љуботен

Полицијата приведе четири лица, а по едно интензивно се трага во врска со вчерашното убиство на едно лице на возраст од 30 години што се случи околу 21:00 часот во село Љуботен.

Како што денеска соопшти МВР, синоќа околу 22,15 часот во ГОБ „Св.Наум Охридски“ – Скопје бил донесен Џеваир М.(30) од село Раштански пат при што од страна на лекар била констатирана смрт. По извршениот разговор со лицата кои го пренеле Џеваир М. во болница тие посочиле дека сторител на убиството е Т.Б.(21) од село Љуботен. Извршен е увид на местото на настанот при што биле пронајдени и подигнати за вештачење траги од крв и една чаура.

На настанот му претходела расправија и физички напад во попладневните часови на кружниот тек во населба Бутел поради сообраќаен прекшок. Вечерта од страна на семејството на Т.Б. бил повикан Џеваир М. со цел да ги расчистат недоразбирањата. Кога Џеваир М. со својот брат А.М.(23) пристигнале на влезот во селото Љуботен  од страна на семејството на Т.Б. биле повикани да дојдат до во близина на џамијата.

Откако пристигнале на местото на настанот и започнале разговор со таткото и двајцата бра на Т.Б., истиот од нива во близина испукал еден куршум погодувајќи го Џеваир М.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.