Следи нѐ
To Top

МВР: Терористички напад врз караулата кај Гошинце

Терористички напад врз караулата кај Гошинце, општина Липоково, се случил ноќеска во 2 часот и 30 минути, потврди Министерството за внатрешни работи. 

Како што појасни портпаролот на МВР Иво Котевски, вооружена група од Косово ја нападнала караулата, каде што биле четворица полициски службеници на дежурство, ги разоружале и им се обратиле на албански јазик со преведувач со зборовите дека сакаат нивна држава и оти не сакаат никави Охридски договори.

реклама

Напаѓачите им дале половина час на полицајците да си заминат од караулата.

Во тек се активности на терен од страна на македонската полиција.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

  • Во Скопје викендов 33 сообраќајки, повредени 12 лица

    Петнаесет лица биле полесно повредени во 12 од вкупно 33 сообраќајки регистрирани во текот на изминатите четири дена на подрачјето на...

    Информативна Редакцијааприл 21, 2015
  • Најстудено во Берово и во Скопје

    Најстудено изутринава во седум часот беше во Берово и во Скопје Петровец, каде што се измерени минус шест степени Целзиусови, по...

    Информативна Редакцијааприл 21, 2015
  • Најмногу снег во Лазарополе и Маврово

    Изутринава снег со послаб интензитет паѓа во Пожаране над Полошката котлина. Ноќеска врнежи од слаб снег имаше во северните делови, соопшти Управата...

    Информативна Редакцијааприл 21, 2015
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.