Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

15 години „Сафизам“ во петок во Скопски саем

МК Сцена

15 години „Сафизам“ во петок во Скопски саем

Иако одамна музички пензионирани (првите Рап пензионери во МКД), легендарните САФ ве покануваат на прослава на 15 годишнината од издавањето на албумот Сафизам!

Културолошки, музички, метафизички албумот „Сафизам“ ја претсавуваше македонската хипхоп сцена на достојно ниво доследно приготвувајќи го патот за генерацииите кои доаѓаат. „Сафизам“ е официјално Првиот винил на поствоен Балкан и воедно еден од највлијателните и најквалитетните музички остварувања на овие простори кои инспирирале нови генерациии да се посветат на урбаната уметност и да креираат.

Во 2000 година на 25 април во клубот Сачмо се случи промоцијата на Сафизам, сега 15 години подоцна во полн состав ќе биде презентирана формулата за правење вистински Хипхоп:

1,2,3, Смилен ,Гоце, Пикисипи !!! 24. април Скопски Саем

Карти во претпродажба во 1/2 Југотон и мрежата на купикартизасе низ државата по цена од 250 денари, а на денот на концерот 300 денари.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.