Следи нѐ
To Top

МОСТ: „Излезноста на референдумот до 14 часот е 26,15 проценти“

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно пребројување на гласовите), која претставува математичко-статистичка научна метода, одѕивот на гласачите до 12 часот е 15,85%, до 13 часот е 21,74%, а до 14 часот е 26,15%.

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и мобилните тимови на МОСТ, досега се забележани следните неправилности на гласачките места:

реклама
  • На ГМ 2802 во ДСУ „Панче Караѓозов“ еден гласач не можел да се пронајде во Избирачкиот список, поради што ја затворил вратата од гласачкото место и не ги пуштал останатите гласачи да влезат внатре. Истиот побарал да биде запишан во Избирачкиот список, полицијата дошла на лице место и го отстранила од гласачкото место, по што гласањето продолжило.
  • На ГМ 2837 претседателот на ИО му помогнал на еден гласач да гласа. Напоменуваме дека единствено другите гласачи можат да им помагаат на лицата кои не може да гласаат сами. Тоа не смеат да го прават членовите на ИО, претставниците на предлагачот или набљудувачите.
  • На 6 гласачки места лоцирани во О.У. „Јохан Хајнрих Песталоци“ одредени граѓани не можеле да се пронајдат во Избирачкиот список. Апелираме до гласачите, пред да излезат на гласање, на веб страницата izbirackispisok.gov.mk да проверат на кое гласачко место може да го остварат своето право на глас.

Во текот на денот отворена е бесплатната телефонска линија 080 080 080 на која граѓаните ќе можат да пријават евентуални нерегуларности.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.