Следи нѐ
To Top

Македонците „растураат“ на Икс Фактор: Давид, Алмир и Боби продолжуваат понатаму во шоуто

Давид од Скопје со синоќешниот настап на X-Factor Adria ја расплаче Александра Ковач изведувајќи ја нумерата на нашиот Тоше Проески, „Тајно Моја“.

Судиите Александра, Жељко, Тончи и Масимо синоќа станаа ментори и мораат да одберат натпреварувачи кои ќе ги носат понатаму. Единствената дама Александра Ковач ги доби момчињата Тончи Хуљиќ ги доби групите, Масимо Савиќ постарите од 27 години, Жељко Јоксимовиќ девојките.

реклама

Погледнете го емотивниот настап на Давид Темелков:

Алмир Исмаили пак од Скопје повторно успеа да ги вџаши судиите со својот прекрасен глас откако ја испеја песната од Џастин Тимберлејк „What goes around comes around“.

Боби од Охрид успеа сите да ги остави со подзинати усти по одличната изведба на „Carrie“ од шведската група Јуроп.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.