Следи нѐ
To Top

Без успех заврши и третата по ред средба меѓу средношколците и МОН

Насловната фотографија е преземена од МРТ

И покрај позитивната надеж кај средношколците дека ќе биде постигнат договор, без успех заврши и третата по ред средба меѓу претставниците на Средношколскиот пленум и Министерството за образование и наука.

реклама

Бојкотот на наставата и кампувањето и натаму продолжува, бидејќи учениците се незадоволни од разговорите. Тие велат дека нудат точни предлози како да се решат проблемите, а надлежните понудиле формирање на работни групи.

– „Ние веќе имаме оформено работна група која го има разгледано концептот за државна матура и го има разгледано правилникот за екстерно тестирање и ние доаѓаме овде со конкретни предлози, а не доаѓаме со замисла да правиме некакви работни групи кои ќе траат со години. Ние доаѓаме со конкретни предлози, конкретни решенија на проблемот“, изјави Дејан Трајковски – претставник на средношколците.

Преговорите меѓу властите и средношколците продолжуваат и во наредните денови, но поради можни манипулации и политички интриги, учениците бараат следните средби да бидат мониторирани од Народниот правобранител и од организациите „Хелсиншки комитет“, „Меѓаши“ и МОСТ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.