Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Уште една врнежлива ноќ за средношколците во Паркот на новинарите: Денес се очекува нова средба со МОН

Вести

Уште една врнежлива ноќ за средношколците во Паркот на новинарите: Денес се очекува нова средба со МОН

Средношколците и денеска продолжуваат да кампуваат во Паркот на новинарите, спроти Министерството за образование и наука во очекување на новата средба во МОН.

Премрзнати, но истрајни, средношколците ја минаа втората вечер во кампот пред Министерството за образование и наука. Со чај во рака, криејќи се под чадори и тенди, тие се справуваат со дождот кој не престана да врне цела ноќ.

– „Секој ден бројот на средношколци кои преспиваат во кампот се зголемува. Ноќеска преспаа над 70 средношколци. Поддршката е се поголема, како од граѓаните, така и од родителите и професорите“, велат од Средношколскиот пленум.

Учениците добиваат огромна поддршка и од професори кои не преноќуваат со нив, а истите по завршеното работно време одат во кампот со кеси полни храна и вода, но и поддршка.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.