Поврзи се со нас

Популарно.мк

Празнична прогноза: Денеска сончево и топло, од понеделник до 32 степени

Вести

Празнична прогноза: Денеска сончево и топло, од понеделник до 32 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец кој повеќе ќе биде изразен во западните делови од земјава.

Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 19 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

За време на продолжениот празничен викенд ќе се задржи сончево и потопло време со мала до умерена локална облачност. Во сабота во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд.

На почетокот на работната седмица ќе има значителен пораст на температурата како на дневната, така и на утринската. Во понеделник температурата ќе се движи од 23 до 29, а во вторник од 26 до 32 степени.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.