Следи нѐ
To Top

Татјана Алексиќ: Први мај – ден на прасето

Први мај – меѓународен ден на прасето, пардон, на работникот, залиен со цинизам кој се добива како микс од идеологијата на трудбеникот и театрологијата на неработникот.

Го славиме работникот во време на невработеност која ја крие својата статистичка вистина како и жена своите години (пак и се познаваат)! Колку многу е пишувано за трудољубието и работливоста!

Толстој бил најсреќен кога работел и тоа со селаните на нива без оглед што бил со грофовско потекло. Балзак бил веркохолик, за 51 година животен век напишал циклус од стотина романи и раскази, а за работата велел дека е закон на уметноста и на животот. „Треба да се навикнеме да работиме и потоа нема да можеме да живееме без работа, се на светов зависи од неа“ вели Луј Пастер, а Максим Горки сметал дека вистински херои се само оние кои сакаат и знаат да работат. Го почитувам Хемингвеј не поради Нобеловата награда туку поради максимата: „Секој се раѓа поради некакво дело и секој кој чекори по земја, мора да има свои обврски“. Трудот на нашите просветители е достојна за почит, Џинот во песната „Труд ми е името“ го става трудот на пиедестал пред мудроста и љубовта, зашто без труд нема ни мудрост, а ни љубов. Данте Алигиери мрзеливите ги става во петтиот круг од Пеколот, да пливаат во кал како прасиња.

Работа, работа и само работа! Сепак, сакале да признаеме или не, реалната слика во светот за сегашната работничка класа е повеќе од цинична. Цинизам е и кога ја користиме излитената фраза дека оној кој сака да работи ќе си најде работа. Да, работа колку сакаш, ама волонтерски и „шконтерски“, да не речам експлоататорски, не сме во капитализам, нели;)

Клетниците на Виктор Иго клето не исчезнуваат од реалноста. Последните три децении синдикатите ги снемува, а приватизацијата го става работникот во позиција на страв и несигурност, а ако не сака – има кој сака и за цинично дрско мали плати и хонорари. Синдикатите би требало многу подинамично да регрутираат нови луѓе во своите редови, а не да го губат членството заради својата тесноградост во име на личен интерес, да делуваат независно и самостојно во рамките на системот. Но системот е под масовна депресија и колективна хипноза поради стравот од губење работна позиција, оти можност за нова нема. Оној момент кога народот ќе сфати дека нешто може да се раздвижи само со сплотеност во ставот дека никој нема поголемо право и привилегија од нив, работите ќе се сработат.

Во меѓувреме, ако немате друга и попаметна работа, тогаш работете врз себе и „нек нам живи, живи рад, другови и другарице!“

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Колумни

  • Читачка криза…

    Сѐ поблиску сме до неповратна загуба на читачката кондиција!

    Татјана Алексиќмај 1, 2015
  • Вистината како стока…

    Има ли цена и драгоценост вистинската информација во вистинско време? Отсекогаш, вистинската информација е најдрагоцената стока во меѓучовечките односи важна за...

    Татјана Алексиќмај 1, 2015
  • Љ-витамин, превенција за комплекси!

    Чувството на пониска вредност е отров кој перманентно не труе и не ни дозволува да им се противставиме на животните проблеми.

    Татјана Алексиќмај 1, 2015
error: Содржината е заштитена со авторски права.