Следи нѐ
To Top

Времето денес: Облачно со услови за дожд и ветер од северозападен правец

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено облачно со слаб, а во западните делови умерен, повремено засилен ветер од западен правец.

Попладне ќе има зголемување на облачноста со локален краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени, а дневната од 19 до 26 степени.

реклама

Во Скопје времето ќе биде умерено облачно со слаб ветер од северозападен правец. Попладне ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен слаб дожд. Утринската температура ќе биде 8, а дневната ќе достигне до 22 степени.

Во наредните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, ќе има значителен пораст на температурите, особено од вторник.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.