Следи нѐ
To Top

Пристигнува новото кралско бебе: Кејт Миделтон примена во болница поради породување

Сопругата на британскиот принц Вилијам, Кејт Миделтон, утрово е примена во болницата Сент Мери во западен Лондон, откако почнала да се породува, јави Би-Би-Си.

реклама

Во соопштението од кралската палата Кенсингтон се наведува дека породувањето на војвотката од Кембриџ , која во болница била одведена со автомобил, „се одвива нормално“.

Кејт е примена на приватното одделение за акушерство во болницата Сент Мери, каде во јули 2013 година е родено и нејзиното прво дете, принцот Џорџ.

Новото бебе ќе биде четврто по ред за британскиот престол, зад дедото Чарлс, таткото принцот Вилијам и братот, принцот Џорџ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Вести

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.