Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Помалку од еден месец до големиот концерт на One Republic во „Борис Трајковски“

МК Сцена

Помалку од еден месец до големиот концерт на One Republic во „Борис Трајковски“

Уште помалку од 30 дена до големиот концерт на One Republic во Скопје – групата која го покори целиот свет и ги освои сите светски топ листи со третиот албум „Native World“ и сингловите „Counting stars“, „If I Lose Myself“, „I Lived“.

Тоа што му дава навистина сензационална нота на овој концерт во Скопје е фактот што не само што доаѓа бенд со продадени повеќе од 5 милиони примероци од своите албуми како и повеќе од 9 милиони синглови, туку за првпат во Македонија доаѓа бенд кој што промовира актуелен албум кој бил на врвовите на светските топ листи од обете страни на атлантикот и во Америка и во Европа како што е случајот со албумот „Native World“, што ако не се лажеме досега се нема случено со ниту едно гостување на некој од артистите во нашава земја.

Кога е пак во прашање вртењето по радио станиците и телевизиите насекаде низ светот па и во Македонија со актуелните синглови како што се „Apologize“, „Counting stars“, „If I Lose Myself“, „I Lived“, тука навистина се е кристално јасно – One Republic се дефинитивно најактуелениот поп – рок бенд во светот во моментов.

Бендот доаѓа во Македонија во склоп на својата летна светска турнеја на која ќе настапат и како headliner-и на многу големи светски фестивали.

Од Авалон продукција информираат дека иако до концертот има уште еден месец, повеќе од 60 проценти од капацитетот на салата е веќе распродаден, а многу е веројатно дека до крајот на оваа недела некои категории од влезниците веќе нема да ги има во продажба.

Затоа побрзајте и обезбедете ја вашата влезница преку продажната мрежа на Купи карти за се и преку следниот линк.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од МК Сцена

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.