Следи нѐ
To Top

Денеска на паркингот кај Веро Центар започнува „Пролетниот фестивал на виното“

Од денеска (06.05) започнува „Пролетниот Вино Фест“ кој се одржува по четврти пат кај Веро Центарот во Скопје.

Фестивалот ќе започне во 18:00, а ќе трае се до 1 часот по полноќ.

реклама

Денеска главни ѕвезди на програмата се The Hounds и гостинот од Црна Гора- Бојан Маровиќ кој на своите обожаватели им испрати видео порака пред неговиот настап во Скопје:

Од Веро Центарот информираат дека сите фестивалски денови, паркингот по завршувањето на работното време на трговскиот ќе биде отворен и бесплатен за сите посетители на фестивалот.

Од винариите велат дека за сите оние кои ќе присуствуваат на винскиот фестивал, подговтвиле пристојни цени, достапни за секој граѓанин, бидејќи целта на ова случување е промоција на најдобрите македонски сортни вина и нивна дегустација.

На Пролетниот Вино Фест посетителите ќе имаат можност да ги дегустираат вината на Пивка, Тиквеш, Бовин, Сковин, Стоби, Далвина, Попова Кула, Повардарие, Вардарска долина и Визба Валандово, а покрај виното ќе има штандови каде што ќе може да уживаат во деликатесна храна.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.