Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Низ објективот: Жестоки протести и демонстрации пред Владата

Актуелно

Низ објективот: Жестоки протести и демонстрации пред Владата

Насловна фотографија: Христијан Петров / Популарно.мк

Стотини демонстранти и студенти се повредени откако вчеравечер ескалира протестот пред Владата. Демолирани се и полициски автомобили и запалени се контејнери во тек на протестот што уследи по објавувањето на материјалите од страна на СДСМ за убиството на Мартин Нешкоски во јуни 2011 година.

По неколкучасовниот протест, што почна во 18 часот, полицијата ја растера толпата граѓани кон околните улици кај Владата, а пристапот кон владината зграда е блокиран.

Во тек на протестот демонстрантите бараа одговорност и оставки од претставници на власта за убиството на Нешкоски, за кое судот определи казна затвор од 14 години за Игор Спасов, припадник на полициската единица „Тигри“.

Во продолжение погледнете ги фотографиите низ објективот на фоторепортерот Христијан Петров:

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.