Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Протестот пред Собрание помина мирно: Граѓаните протестираа и во Прилеп и Битола

Uncategorized

Протестот пред Собрание помина мирно: Граѓаните протестираа и во Прилеп и Битола

Насловната фотографија е преземена од Радио Слободна Европа

Денешните протести пред Собранието на Република Македонија поминаа релативно мирно. 

На демонстрантите им се придружија дваесетина млади лица маскирани со фантомки кои се  обидоа да ја провоцираат полицијата,  мавајќи врз припадниците на ЕБР кои го обезбедуваа собранието со стаклени шишиња, лименки, запалени факли и други тврди предмети.

Дел од оние кои се уште се пред Собранието фрлаа јајца и други предмети кон собраниската зграда и полицискиот кордон. И покрај повремените тензии досега нема посериозни инциденти.

Учесниците на собирот побараа оставки од владини претставници кои ги сметаат за одговорни за прикривање на убиството на Мартин Нешковски во 2011 година, откако вчера СДСМ објави материјали од прислушувани разговори кои се однесуваат на овој случај.

Тие дојдоа пред Собранието откако претходно не можеа да го изразат својот протест пред Владата на Република Македонија, бидејќи пристапот до неа беше оневозможен од полицијата.

Вечерва протести беа одржани во Прилеп и Битола. Во Прилеп протестот се одржа пред камената бина на плоштадот „Александрија“, по што демонстрантите прошетаа по булеварот „Гоце Делчев“ до новата општинска зграда, па по булеварот и улиците во центарот на Прилеп. Во Битола се одржа мирен едночасовен протест. Граѓаните се движеа по Широк Сокак и незадоволството го искажаа пред објектите на СВР Битола и општина Битола.

11188325_10206677958538094_8087649623714875246_n[1]

Протест беше организиран и синоќа пред Владата, кој ескалира во насилство во кое повредени 38 полицајци, неколку демонстранти, а беа приведени 30 учесници во протестот.

Прочитај повеќе
Маркетинг
Можеби ќе ти се допадне...
Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Uncategorized

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.