Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Средношколците и денеска ќе протестираат пред МОН

Актуелно

Средношколците и денеска ќе протестираат пред МОН

Насловната фотографија е преземена од Фејсбук

Средношколскиот пленум за денеска во 17 часот најави втор протестен собир заедно со родителите, наставниците и граѓаните, пред Министерството за образование и наука во Скопје.

Преку собирот, тие уште еднаш ќе го искажат својот револт од игнорантскиот однос на надлежните и ќе побараат да продолжи дијалогот.

Тие вчера во знак на протест ги оставија своите униформи на оградата пред министерството и извикувајќи „Излезете кукавици“ ги повикаа надлежните да ги слушнат нивните барања.

Протестот кој требаше да трае час и половина беше одложен од безбедносни причини поради протестите за Мартин Нешковски.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.