Поврзи се со нас

Популарно.мк

Фотогалерија од вчерашните мирни протести пред Собранието на Република Македонија

Актуелно

Фотогалерија од вчерашните мирни протести пред Собранието на Република Македонија

Насловна фотографија: Христијан Петров / Популарно.мк

Откако на демонстрантите им беше оневозможено да протестираат пред зградата на Владата на Република Македонија од страна на полицијата, групата од илјадници граѓани се упати кон Собранието каде одржа релативно мирен протест и без поголеми инцидентите.

Некои од насобраните со шишиња и со други предмети почнале да фрлаат кон зградата на Собранието и кон полицискиот кордон, меѓутоа, за повеќето од демонстрантите тие беа означени како провокатори.

Група на девојки поставија и жив штит пред полицајците извикувајќи „сакаме мир“, штитејќи ги од насилството на провокаторите.

Насобраната толпа, изреволтирана од разговорите објавени од СДСМ, поврзани со убиството на Мартин Нешковски, побара оставка од Владата, на чело со премиерот Никола Груевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Во продолжение погледнете ја фотогалеријата низ објективот на нашиот фоторепортер Христијан Петров:

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.