Следи нѐ
To Top

Денеска ќе се протестира во девет града против полициската бруталност

Насловна фотографија: Христијан Петров

Според информациите на социјалните мрежи вечерва девет града протестираат против полициската бруталност. Протести се најавени во Скопје, Битола, Прилеп, Струмица, Кавадарци, Куманово, Охрид, Штип и Свети Николе.

реклама

Организаторите повикуваат на мирно искажување на револтот без инциденти. Доколу бидат забележани провокатори на истите да им се укаже да го напуштат протестот.

Протестите започнаа во вторникот откако опозицискта СДСМ објави детали поврзани со убиството на младиот Мартин Нешковски, во кои, според тврдењето на опозицијата, биле прикриени деталите за убиството.

Изминатите два дена на улиците во Скопје и други градови излегоа илјадници граѓани кои го искажаа својот револт  барајќи правдата за Мартин Нешковски да биде целосно задоволена.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.