Следи нѐ
To Top

САД и ЕУ повикаа на смиреност и утврдување на фактите

Амбасадата на САД и Мисијата на Европската унија во Македонија преку одделни соопштенија изразија жалење за загубените човечки животи во оружените акции во Куманово и повика на смиреност и утврдување на фактите.

– Длабоко жалиме за загубите на човечки животи во врска со акциите во и околу Куманово, и го изразуваме нашето сочуство кон семејствата на загинатите и оние кои се повредени. Ја следиме состојбата и сме во постојан контакт со властите и со политичките лидери. Ги повикуваме граѓаните да останат смирени и да дозволат утврдување на фактите, стои во соопштението од Амбасадата на САД.

реклама

Смиреност и утврдување на фактите побара и Мисијата на Европската унија во Скопје.

– Делегацијата на Европската унија внимателно ги следи извештаите за полициска операција која е во тек во околината на Куманово, при која имало размена на истрели. Во контакт сме со властите и со политичките партии. Силно апелираме до сите граѓани и политички фактори да останат мирни и да почекаат релевантните власти да ги утврдат фактите. Се надеваме дека ќе се избегне ескалација на тензиите, пишува во реакцијата на Делегацијата на ЕУ.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.