Следи нѐ
To Top

Претседателот Иванов свика седница на Советот за безбедност

Претседателот Ѓорге Иванов за денеска попладне (17:00) свика седница на Советот за безбедност, во проширен состав, по која е најавено негово обраќање до граѓаните на Република Македонија, соопшти Кабинетот на Претседателот.

Советот за безбедност ќе заседава во состав од претседателот Иванов, претседателот на републичкото Собрание Трајко Вељаноски, премиерот Никола Груевски, министерите за одбрана, за внатрешни работи и за надворешни работи, Зоран Јолевски, Гордана Јанкулоска и Никола Попоски, како и членовите на СБ Вели Креци, Фљора Кадриу и Насер Сејдини.

реклама

– Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, согласно Деловникот за работата на Советот за безбедност, на седницата ги повика и претседателот на политичката партија СДСМ, Зоран Заев, претседателот на политичката партија ДУИ, АлиАхмети и претседателот на политичката партија ДПА, Мендух Тачи, соопшти Кабинетот на претседателот Иванов.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.