Следи нѐ
To Top

Поради моменталната ситуација во Македонија одложен концертот на Парни Ваљак

Организаторот на концертот на Парни Ваљак во Скопје, Прагма Продукција, го одложува концертот по повод 40 годишниот јубилеј на овој хрватски бенд. Концертот кој што првично беше закажан за 16 мај, се одложува за 06 јуни.

реклама

Моменталната ситуација во Република Македонија и настаните кои што се случија изминатиов викенд, се причините поради кои Прагма Продукција одлучи концертот да го премести за месец јуни. Купените влезници ќе важат за тој концерт.

Освен Прагма Продукција, со оваа одлука едногласно се сложи и бендот Парни Ваљак. Порачуваат дека нивните мисли се со нас и дека се надеваат на што побрзо надминување на оваа состојба. Република Македонија очигледно им е во срцето. Особено на фронтменот Аки Рахимовски кој што земјата на сонцето сеуште ја смета и за своја татковина.

Прагма Продукција благодари на разбирањето и просторот кој што ќе го обезбедите во Вашиот ценет медиум за да ја споделиме оваа информација со фановите на хрватскиот бенд и со сите оние кои што веќе купиле или планираат да купат влезница за концерт.

Воедно и Прагма Продукција и Парни Ваљак изразуваат сочувство до семејствата на загинатите херои – Македонија никогаш нема да ги заборави.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.