Поврзи се со нас

Популарно.мк

ФОТО: Се нормализира животот во кумановската Дива населба

Актуелно

ФОТО: Се нормализира животот во кумановската Дива населба

Вообичаена понеделнична раздвиженост е забележлива претпладнево во Куманово и населбата Тоде Мендол.

Утрово отворен е и дел од Зелениот пазар во кумановската дива населба којшто во последниве 28 часа беше затворен и од каде беше блокиран пристапот кон Тоде Мендол и од каде што се евакуираа најголемиот дел од локалното население.

Закупците на тезгите велат дека и покрај ситуацијата што му се случи на Куманово животот и работата мора да продолжат нормално да се одвиваат. Отворени се и маркетите, како и сите аптеки во населбата која има околу 10.000 жители и која беше во центарот на вниманието на сите домашни и странски медиуми.

На главната улица „Тоде Мендол“ ништо не укажува дека во изминативе денови се одвиваше вистинска борба на македонските безбедносни сили со вооружената група. Траги од судирите се видливи на улиците „Перо Илиевски“ и „Руши Шаќир“ каде се забележуваат куршуми, запален автомобил, целосно изрешетена куќа, неколку куќи кои целосно или делумно се разрушени, скршени прозорци… Во овој дел нема електрична енергија.

Новинарски екипи и граѓани ги набљудуваат последиците од 28-часовната борба на македонските безбедносни сили со вооружената група.

Во градот се  уште има  полициско присуство, но не во толкава мера како изминативе два дена.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.