Следи нѐ
To Top

„Капитал Ситис“ и Рошин Марфи за уште посилна „Егзит Авантура“

Кон богатата програма на овогодишната Егзит Авантура се придружуваат калифорниските хитмејкери „Капитал Ситис“ (Capital Cities) кои ќе настапат на завршната ноќ за прослава на 15. роденеден на „Егзит фестивал“, во недела на 12. јули, надополнета со огномет и фанфари на светскиот мегахит „Safe & Sound“!

Со стотини милиони „ЈуТјуб“ прегледувања и една од најмногу стримуваните песни во изминатите три години, популарните „капиталци“ доаѓаат на Балканот во рамки на големата турнеја со која го промовираат, според мислењето на критиката еден од најдобрите поп албуми во последниве неколку години, „In a Tidal Wave of a Mystery“, кој ги освои сите најважни светски топ листи.

Егзит Авантурата потоа се сели на море каде што некогашната пејачка на славниот состав „Молоко“ и дивата на модерната музичка сцена Рошин Марфи (Roisin Murphy), ќе настапи во петок, 17. јули, на главната бина на Си Денс фестивал на Јаз.

Ова ќе биде нејзин премиерен настап во Црна Гора, во рамки на светската турнеја на која го промовира новиот албум „Hairless Toys“. Актуелниот сопственик на титулата најдобар европски фетсивал до 40.000 луѓе дневно, Си Денс фестивал ќе се најде рамо до рамо со најзначајните фестивали кои оваа година ќе ја пречекаат Рошин, како што се „Берлин фестивал“, шпанскиот „Сонар“, британскиот „Ајл оф вајт“, белгискиот „Рок Верхтер“ и други. Истата вечер на омилената „Денс Парадајс“ (Dance Paradise) бина, ќе настапи и поранешната пејачка на групата „Херкулес & Лав Афер“ (Hercules & Love Affair), њујоршката диџеј дама Ким Ан Фоксман (Kim Ann Foxman), а во сабота, 18. јули, диџеј пултот ќе го преземат велемајсторот на миксот Џејмс Забиела (James Zabiela) и калифорнискиот хаус продуент Дорли (Doorly), инаку ремикс мајстор на најголемите ѕвезди како што се „Д Продиџи“ или Кање Вест.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Настани

error: Содржината е заштитена со авторски права.