Следи нѐ
To Top

Помалку од еден месец до големиот концерт на Роби Вилијамс во Белград

Повеќе од половина од предвидениот број на влезници за големиот концерт на Роби Вилијамс на 17 јуни во Белград се распродадени скоро еден месец пред настанот.

Овој концерт, кој освен посетата на One Republic на регионот, претставува еден од најголемите концерти на Балканот, се очекува да обедини повеќе илјадници фанови на Вилијамс од целиот регион.

реклама

По барање на менаџментот на оваа светска поп икона, бројот на влезници е лимитиран на бројка од 30.000, а повеќе од половина веќе се продадени.

Инаку, Вилијамс во Белград настапува во рамки на „Let me entertain you“ турнејата.

– „Пеколот го снема,рајот пристигна а јас тргнувам на турнеја“ се зборовите со кои Роби ја најави планетарната турнеја и ја отвори со распродадените концерти во Мадрид , Барцелона и Париз.

Благодарејќи на напорите на организаторите и пред се личната желба на Роби Вилијамс да настапи во Србија, шанса повторно да се почувствува „рајот на земјата“ ќе има и балканската публика со концертот во Белград.

Доколку сакате и вие да бидете дел од овој уникатен спектакл, влезница за концертот можете да набавите на следниот линк.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Музика

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.