Следи нѐ
To Top

Paul Van Dyk хедлајнер на годинешниот „Скопје Гори Фестивал 2015“

Авалон продукција најавува дека хедлјнер на овогодинешниот фестивал СКОПЈЕ ГОРИ ќе биде еден од најголемите DJ на сите времиња – неговото височество Paul Van Dyk.

Фестивалот Скопје Гори на кој досега настапиле едни од најголемите музички имиња како Massive Atack, Billy Idol, Hurts, Orbital, Public Enemy ….. оваа година на својата звучна листа на светски изведувачи ќе го запише и Paul Van Dyk кој во склоп на својата светска турнеја каде покрај големите хитови го промовира и својот нов албум кој воедно е и продолжение на неговиот најуспешен албум „The Politics Of Dancing 3“.

Paul Van Dyk е германски диџеј, музичар и продуцент. Како еден е од првите вистински суперѕвезди меѓу DJ – ите, Paul Van Dyk е првиот уметник кој успеа да добие Греми номинација за новата, а сега веќе престижна категорија Best Dance/ Electronic album за неповторливиот „Reflections“ од 2003 година. Прогласен е за светски No.1 – DJ во 2005 и 2006 година, нешто што на малку DJ-и му успеало досега. Со продадени повеќе од 5 милиони продадени албуми низ целиот свет, Paul Van Dyk е еден од најуспешните DJ-и на сите времиња.

Фестивалот традиционално ќе се одржи на Скопско Кале на 16ти Јули. Сите информации околу продажбата и цената на влезниците дополнително ќе бидат објавени.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: МК Сцена

error: Содржината е заштитена со авторски права.