Следи нѐ
To Top

Работнички го доби дербито со МЗТ Скопје Аеродром

Екипата на Работнички со победа над градскиот ривал МЗТ Скопје Аеродром го заокружи својот настап во Супер лигата од кошаркарскиот шампионат на Македонија.

На средбата одиграна вечерва во СЦ „Јане Сандански’’, а во рамките од последното 10. коло во Супер лигата, Работнички  славеше победа со 85:76, над актуелниот шампион МЗТ Скопје, со што го потврди пласманот на второто место во суперлигашката конкуренција.

реклама

Вчера во првиот меч Карпош Соколи го победи Кожув со 67-64, а последниот натпревар од оваа рунда ќе се игра утре од 19 часот во Кавадарци, каде Фени Индустри е домаќин на Куманово.

Исходот од овие натпревари нема да влијае на полуфиналните двојки во плејофот, односно разигрувањето за шампионскиот трофеј, па така одбраната на титулата МЗТ Скопје А. ќе ја започне против Фени Индустри, а во второто полуфинале ќе играат Работнички и Куманово.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Кошарка

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.