Следи нѐ
To Top

Светски познатиот Џејми Оливер онлајн гостин на СУГС „Димитар Влахов“

Светски познатиот готвач и поборник за здрава исхрана во училиштата Џејми Оливер денеска ќе одржи час за подготвување на т.н. сквош сендвич со вклучување во живо преку интернет, по повод Светскиот ден на револуција во исхраната.

Наставници од  Средното училиште на Град Скопје „Димитар Влахов“ заедно со група ученици денеска ќе се вклучат на часот преку интернет, со што ќе дадат поддршка на Проектот за здрава и правилна исхрана кај децата на училишна возраст.

реклама

Проектот е поттикнат и започнат од готвачот Џејми Оливер, кој има отворена петиција за т.н. Револуција во исхраната која би требало најпрво да отпочне во градинките и училиштата.

Петицијата со повеќе од милион потписи би имала моќ да ги принуди Г20 владите (влади на 19 поголеми земји во светот и Европската унија) да направат темелна промена во начинот на исхрана во образовните институции.

Целта на проектот е да се намали бројот на светската популација со прекумерна тежина и угоеност, како и болестите што тие ги носат со себе.

– Целата активност за време на часот треба да се сними и документира и да се прати назад во Фондацијата како доказ за поддршка на иницијативата, информираат од СУГС„Димитар Влахов“.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Наука

  • Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

    Соосновачот на Мајкрософт, Пол Ален почина вчера на 65 години. Претходно, тој и соопшти на јавноста дека ракот што веќе еднаш...

    Информативна Редакцијамај 15, 2015
  • Чернобил повторно произведува струја

    Украинските власти одлучија на најдобар можен начин да ја искористат загадената зона околу Чернобил и на местото каде што се случи...

    Информативна Редакцијамај 15, 2015
  • Речиси 260 луѓе загинале правејќи самослик

    Со појавата на „паметните телефони“, самосликовите станаа прилично популарни. Но, едно ново индиско истражување покажува дека тие можат да бидат и...

    Информативна Редакцијамај 15, 2015
реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.