Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Четворица тетовци нападнати од вооружено лице

Вести

Четворица тетовци нападнати од вооружено лице

Полицијата трага по лице кое изминатата ноќ пукало од пиштол врз четворица тетовци додека со автомобил БМВ се движеле по булеварот „Илинденска“ во Тетово, информираше Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово. 

Според пријавата на М.Д.(21), Б.А.(23), В.Ш.(23) и Ш.Р.(20), оружениот инцидент се случил петнаесетина минути по полноќ. Додека тие се возеле со БМВ-то, наишло друго возило од кое излегло едно лице,  извадило пиштол и испукало неколку куршуми кон нив.

Исплашени четворицата со автомобилот веднаш избегале и случајот го пријавиле во полиција. Во инцидентот нема повредени, а со еден проектил помалку е оштетено БМВ-то. Полицијата го задржала возилото за вештачење и по извршениот увид на местото од инцидентот пронашле и подигнале неколку чаури од куршуми за пиштолска муниција кои, исто так,а ќе се вештачат.

Четворицата тетовци во пријавата го посочиле и лицото кое го сомничат како можен сторител на пукањето и полицијата трага по него,  изјави Јосифовски.

Информативна Редакција

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.