Следи нѐ
To Top

ФОТОГАЛЕРИЈА: Вардар победник на Купот на Македонија

Насловна фотографија: Драган Тануровски / Популарно.мк

Ракометарите на Вардар го освоија Купот на Македонија откако вечерва во финалето во СЦ „Јане Сандански“ го совлада Металург со 26:22 (13:11).

реклама

Ова за „црвено-црните“ е 10-та титула во Купот на Македонија, а втора по ред. Металург остана со пет пехари во рамките на Купот на Македонија.

Со освојувањето на пехарот Вардар ја потврди фаворитската улога, додека подмладениот тим на Металург прикажа достоен отпор и екипата се обидуваше во текот на целиот дуел да одржува резултатска неизвесност.

Алекс Душебаев со 8 голови беше најефикасен на финалето, додека кај Металург Јања Војводиќ постигна 6 голови. Јунак на дуелот беше голманот на Вардар Петар Ангелов, кој имаше 17 одбрани, воедно тој беше прогласен и за најдобар голман на завршниот турнир. Прв стрелец на турнирот е Душебаев со 12 гола, додека репрезентативниот пикер на Вардар Стојанче Стоилов ја доби наградата за најкорисен играч на турнирот.

Во продолжение погледнете ја фотогалеријата на нашиот фоторепортер Драган Тануровски:

ФОТОГАЛЕРИЈА: Драган Тануровски / Популарно.мк

This slideshow requires JavaScript.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Ракомет

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.