Следи нѐ
To Top

Сообраќајна несреќа доцна синоќа во Ново Лисиче: Автомобил со матуранти се забил во цистерна

Насловната фотографија е преземена од Фејсбук

Голема сообраќајка се случила доцна ноќеска, околу 3 часот наутро во Ново Лисиче во близина на бензиската пумпа на Булевар Србија. Автомобил марка мерцедес полн со млади лица се забил во паркирана цистерна за гас која стоела на бензинската, пренесува MK news.

реклама

Од засега непознати причини автомобилот со голема брзина се забил во задниот дел на цистерната но вистинска среќа е што автомобилот не експлодирал бидејќи цистерната се наоѓала на самата бензинска а во нејзина непосредна близина имало и други цистерни.

Според првичните информации 3 млади момчиња кои биле во автомобилот се повредени, но биле свесни и се извлечени од возилото во компактибилна состојба. Како што јавува новинарот на MKnews голем број на очевидци притрчале да помогнат, а околу момчињата кој биле легнати на земја им помагале и нивни другари кои најверојатно биле со други автомобили.

Според информациите момчињата се млади и биле во свечена облека најверојатно биле гости или пак самите прославувале матурска вечер.

Нема информација за состојбата на повредените, но според очевидците немале видливи големи повреди на телата по несреќата.

ПОВЕЌЕ ОД КАТЕГОРИЈАТА: Актуелно

реклама
error: Содржината е заштитена со авторски права.